По неколку месечни преговори за составот на новата Влада на Хрватска, каде што на изборите победи десно ориентираната ХДЗ, вчера Хрватското собрание со 91 глас, 45 против и 3 воздржани и довери мандат на новата Влада чиј премиер ќе биде Андреј Пленковиќ а во составот на Владата ќе има 19 министри.
Иако во експозето пред пратениците Пленковиќ не понуди конректни проекти и рокови, говореше за економскиот раст, отварање на нови работни места, социјална праведност и еднаквост како и за намалување на иселувањето од Хрватска.
Се чини дека едногодишната криза во Хрватска која резултираше со предвремени парламентарни избори е решена и дека новата Влада ќе биде стабилна за одработување на четиригодишниот мандат.