Американскиот магазин „Тајм“ направи листа со земји во кои е најевтино да се живее, во кои Косово е на четврто место, а Македонија на десетто.

Србија е на 18. место, Црна Гора на 26. позиција на ранг-листата, а од регионот во листата најдоа место и Босна и Херцеговина, на 11. место,

Словенија на 36. позиција и Хрватска на 47. место.

Десетте земји најевтини за живот се Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казахстан, Замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија.

При составувањето на листата, земјите биле рангирани според индексот на локалната куповна моќ, висината на закуп на недвижностите, цената на продуктите и индексот на малопродажните цени, а резултатите се споредувани со стандардот на животот и со цените во Њујорк.

За Македонија се вели дека локалната куповна моќ е за 49 отсто пониска, киријата е 94 проценти поевтина, продуктите се за 73,3 отсто поевтини, а локалните добра и услуги исто така се поевтини за 68,6 отсто во однос на тие во Њујорк.


Администратор
15/05/2017 23:02