Судењето за „Тврдина 2“ во кое првообвинет е екс началникот на УБК, Горан Грујевски е одложено за 3. јули бидејќи за денеска не беа повикани сведоците на Специјалното јавно обвинителство.
Претходно, адвокатите на одбраната побараа да биде отстранета јавноста бидејќи според нив, државна тајна било кој на која функција се наоѓа во Управата за безбедност и контраразузнавање.
Според обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов, сите барани документи од УБК се добиени.