Претседателот на САД Доналд Трамп објави денеска на Твитер дека сојузниците од НАТО ги зголемуваат придонесите во буџетот на организацијата, два дена откако тој ги прекори дека не трошат доволно за одбрана.
„Многу земји од НАТО се согласија значително да ги зголемат придонесите, како што и треба да направат. Парите почнуваат да светкаат - НАТО ќе биде многу силно", напиша Трамп од Сицилија, каде учествува на самитот на Г-7.
Покрај ова, тој во своето обраќање на Самитот на Г-7 и јавно побара од лидерите на големите Европски држави да одвојат поголеми финансиски средства за НАТО алијансата. Ова барање и не наиде баш на одушевување кај Германските, Француските, Британските и Италијанските лидери.