Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски ќе учествува на Конференцијата за Западен Балкан што ќе се одржи во Стокхолм, соопшти денеска МНР.
Конференцијата е во организација на Министерството за надворешни реаботи на Кралството Шведска и на Канцеларијата на Европската Комисија (ЕК) во Стокхолм.
Како што се наведува во соопштението, се очекува министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и на Хрватска и високи претставници од ЕК да дискутираат за актуелните состојби, за регионалната соработка и за интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ, во контекст на актуелните состојби во Европа.
За време на престојот во Стокхолм, предвидено е Попоски да има повеќе билатерални средби.