Директорот на неврохирургија, Александар Чапароски, бил на информативен разговор во полициска станица по претходна пријава од граѓанин дека тој му побарал мито .

Според неофицијални информации станува збор за татко на 14 годишно дете, кое требало да замине на лекување во странство.

Чапароски, наводно побарал од родителите пари за упат и стручно мислење.

Од МВР го потврдуваат случајот, но не откриваат детали.