Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) денеска организира промотивен настан за поттикнување фер конкуренција на пазарот.

Претставени ќе бидат резултати од студијата „Поттикнување на фер конкуренцијата на пазарот – Детектирање и анализирање на проблемите со заштитата на потрошувачите и сузбивање на нечесната пазарна пракса“.

На настанот поздравни обраќања ќе имаат претседателката на ОПМ Маријана Лончар Велкова и координаторот на ИПА 2 проектот – Механизам за граѓански организации, Александар Колекески.