Идната министерка за образование Рената Десковска на прес-конференција во Собрaнието порача дека нема да има екстерно тестирање.

– Одблокирана е работата на Собранието и направен е договор за неколку комисии меѓу кои и Комисијата за образование и уште утре на дневен ред ќе биде екстерното тестирање. Се надеваме дека опозицијата ќе соработува и ако е потребно, ќе се работи и в сабота и в недела, а дури може да се употребат и резервни варијанти, како овластување на министерот, за измена на овој закон – рече Десковска.

Претходно, и пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека постојат сите закони и технички можности Собранието утре да го укине екстерното тестирање.