Уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас денеска беше во Специјалното јавно обвинителство, на покана на обвинителството, пренесе НОВА ТВ. Неофицијално, Латас дошол да даде исказ, но не се открива за кој точно случај станува збор. Латас заминал од задниот влез, и накратко за ал-сат одговорил дека е лична работа неговото доаѓање во обвинителството.

Тој е осомничен во два случаи коишто ги отвори Специјалното јавно обвинителство, под работен наслов „Тотал“ и „Тревник“. Во случајот „Тревник“ тој се сомничи за бесправно градење во општина Зелениково, а во „Тотал“ се товари за даночно затајување.