Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети законските услови, до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор во траење од 30 дена за директорот на неврохирургија, Александар Чапаровски.
Под сомнение за поткуп, директорот на Клиниката за неврохирургија во болницата “Мајка Тереза„ Александар Чапаровски, се држи во полициската станица. Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи, во просториите на болницата се врши контрола со цел да се најдат факти за извршеното дело. Неофицијално се зборува дека Чапаровски побарал пари од таткото на една 14-годишна девојка која морала да оди на лекување во странство.
Извор: Ал-сат