Судот попладнево му одреди на директорот на Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски, мерка 30 дена притвор
Претходно, јавeн обвинител достави предлог за одредување на 30-дневен притвор на директорот на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапароски, кој 24 часа помина во полициска станица по пријава од родител за мито.
Чапаровски беше приведен вчера по пријава од пациент за земање мито. Тој побарал пари од таткото на 14 годишно девојче кое требало да замине на лекување во странство, а за возврат требало да издаде конзилијарно мислење.
Неофицијално, извори на НОВА ТВ потврдиле дека во кабинетот во неговиот шкаф, полицијата пронашла 30 000 евра. Во неговиот дом каде што бил извршен претрес потоа, биле пронајдени 57 000 евра. Дополинително во едниот сеф во неговиот дом биле пронајдени 100 000 евра, а во другиот 220 000 евра.