Граничниот премин Стар Дојран од синоќа е пуштен за секаков вид сообраќај. Преминот беше затворен поради штрајкот на грчките цариници, а беа пропуштани само пешаци.
За време на штрајкот товарниот сообраќај при влез и излез во Грција беше во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај функционираше со повремени прекини, односно 60 минути блокада и 15-ина минути пропуштање.
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.