Во првото тримесечје од 2017 година, активното население во Македонија брои 952.644 лица од кои вработени се 734.043, а 218.601 лица се невработени, објави Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во овој период е 56,7 проценти, стапката на вработеност е 43,7 проценти, додека стапката на невработеност е 22,9 проценти.

Стапката на невработеност во првиот квартал годинава, споредено со истиот период лани е намалена за 1,6 проценти.