Алијансата за Албанците во новата Влада на Зоран Заев ќе партиципира со тројца заменици министри.
Партијата на Зијадин Села заменици министри ќе има во министерствата за надворешни работи, транспорт и врски и труд и социјална политика.
За заменик-министер за надворешни работи е предложена Арта Точи, за транспорт и врски Ремзи Мехмети и за труд и социјална политика Елми Азири.