Магдалена Несторовска е избрана за нов Државен секретар во Министерството за внатрешни работи.
Несторовска беше дел од кабинетот на Оливер Спасовски, а работеше и како советник во Министерството за одбрана.
На денешната владина седница на дневен ред се кадровски прашања, итните реформски приоритети, состојби и напредок во процесот на европска интеграција, користење и имплементација на фондовите од ЕУ, статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО.