Силен град и невреме го погоди Скопје попладнево околу 17 часот. Невремето започна со силен ветер, продолжи со грмотевици а потоа во повеќе делови на Скопје започна интезивно да паѓа крупен град.

Граѓаните на социјалните мрежи веќе почнаа да постираат слики од предизвикани ошететувања на автомобилите поради големината на градот, а од силината на ветрот забележани се и паднати дрвја низ Скопје.

Управата за хидрометеролошки работи попладнево предупреди дека поради најавите за локален пороен дожд и грмежи можна е појава на одрони и свлечишта. Се препорачува внимателно движење покрај суводолиците каде е можно брзо надоаѓање на вода.