Пратеникот од редовите на ВМРО - ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев побара процедурална забелешка а кога се упати кон говорницата, Талат Џафери неколку пати му довикна дека не добил право на процедурална забелешка тука право за реплика и дека треба да се врати на своето место.
Од како пратеникот Ѓорчев продолжи со процедуралната забелешка која се однесуваше на свикување на итна седница за состојбите во Струга, Џафери најпрво побара да бидат исклучени микрофоните а потоа го повика и обезбедувањето за да го тргнат од говорница.
Кога обебзедувањето се доближи до говорницата реагираа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои застанаа во одбрана на Влатко Ѓорчев.