Министерството за образование и наука соопшти дека е решен проблемот со немањето струја во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Во соопштението се наведува дека струјата била исклучена поради големи долгови, но по интервенцијата на ресорното Министерство и на Владата потворно студенскиот дом е приклучен на електродистрибутивната мрежа.

„Долговите коишто беа оставени во сите сфери, останаа и во доменот на образованието. За жал, голем дел од средствата коишто требаше да бидат обезбедени за образованието, биле истрошени за непродуктивни трошоци, што практично направија големи обврски, заостанати долгови на студентските домови, на училиштата. При тоа се загрозува детскиот стандард, училишниот стандард и начинот на редовно одвивање на наставата во училишта“, се вели во соопштението од МОН.