Со воена свеченост во регионалната команда Главен Град на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, контингентот на мировниците на АРМ кој ја заврши шестмесечната мисија деновиве му ги предаде должностите и државното знаме на шестиот контингент на АРМ во оваа команда кој останува да не претставува во следниот шестмесечен период.
Новиот контингент ќе ја продолжи задачата заедно со припадниците на армијата на САД да ја обезбедуваат главната команда на мисијата.