Еко-трпезно грозје ќе произведува винаријата „Далвина“ со поддршка на УНДП за што денеска е потпишан и Меморандум за соработка.

Според Меморандумот што го потпишаа постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон и директорот „Далвина“ од Хамзали Делчо Балтовски, „Далвина“ ќе подигне нов насад трпезно грозје кое ќе се наводнува преку обновливи извори на енергија.

Според Балтовски, ова е дел од поголем проект, мошне значаен за винскиот бизнис.

- Самиот проект е дел од напорите да се произведува храна која ќе содржи помалку пестициди. Работиме на кнонтрола на влажноста, контрола на сите параметри што влијаат на користењето пестицциди од една страна, а од друга, водите за наводнување ќе бидат од извори напојувани со фотоцволтаични системи. Ова е еден чекор кон приближување на потребите на пазарите во ЕУ, како и обезбедување производ кој ќе биде конкурентертен и на свој начин ќе го доближи врвот на квалитетот на мекедоските производи до нашите коминтенти, рече Балтовски.

За Луиза Винтон, моделот на партнерство може да го искористат и другите винарии и земјоделски производители. - Потшишувањето на Меморандумот е дел од поголем проект за заштита и подобрување на водите и заштита на сливот на река струмица. Еден од најголемите предизвици за нас е воспоставувањето системи за подобра контрола на пестициди и вештачки губриња и подобри системи на наводнување. Се надеваме дека ова партнерство ќе биде модел што ќе биде интересен за многу производители на грозје, рече Винтон.

Таа посочи дека со оглед на тоа што производството на грозје и вино се значаен дел од економијата, моделот ќе го покаже вистинскиот начин на кој може да се развива секторот, но и да се одржи рамнотежата на еко-системот.

Проектот за управување со сливот на река Струмица што Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го имплементира во партнерство со УНДП, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините од регионот, e финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка.