На граничниот премин „Богородица“ од изутрината за влез во Грција се чека и по неколку часа, а се формирани и колони возила, главно со македонски и српски регистарски ознаки. Колоните на македонска страна почнуваат уште пред казиното „Принцес“, а со возила во шест колони е исполнет и меѓуграничниот простор.
За влез се чекало и по 3 часа. Од МВР велат дека денеска до 14 часот границата ја минале повеќе од 10.000 граѓни. И македнската и грчката погранична служба работат нормално и со полн капацитет, но велат дека е преголем приливот на луѓе и возила поради продолжениот викенд и годишните одмори. проблемот да биде поголем, денеска во 13 часот во Гевгелија се измерени 35 степени.