Фирмата „Атриум“ од Вевчани, сопственост на братот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, склучила договор за варосување на помошните простории во „Телеком арената“ за 10 евра квадрат, обвини генералниот секретар на влада, Драги Рашковски.
Тој истакна дека има многу недостатоци и пропуштени рокови во реконструирањето на градскиот стадион во пресрет на одржувањето на суперкупот., меѓутоа нагласи дека владата мора да ги заврши бараните реконструкции до 21 јули, а на 23 јули ќе има финална контрола дали суперкупот ќе се одржи во Скопје.
Тој додаде и дека УЕФА на ФФМ му пратил допис со одредени забелешки кој од ФФМ до владата патувал седум дена. Најголемиот проблем се неинсталираната климатизација, немањето простор за камиони и репортажни возила, планот за евентуална евакуација.
Извор: 24 Вести