Извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ го избра актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување и поранешен претседател на УМС, Сашо Стефаноски за Претседател на општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ во Центар.

Сашо Стефаноски дипломирал на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”-Скопје- како доктор по стоматологија. Тој воедно е и Специјалист за орална хирургија и Докторант на катедрата за орална хирургија при Стоматолошки факултет.

Сашо Стефаноски својата професионална кариера ја започнува во Министерството за здравство, а потоа е именуван на позицијата Државен секретар во Министерството за локална самоуправа. Од таму преминува на истата позиција во Министерството за одбрана, додека од пред скоро три години ја извршува функцијата Директор на Фондот за здравствено осигурување. Од кога седна на директорското столче реализираше голем број на проекти со кои се овозможија предности и олеснувања за осигурениците при користењето на здравствените услуги.

Во ВМРО - ДПМНЕ ужива голем авторитет кај раководството и кај членовите уште од времето кога беше Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ. Пред да биде избран за Претседател на ОК Центар, Сашо Стефаноски ја извршуваше функцијата организационен секретар на ВМРО -ДПМНЕ.