Ново рочиште на случајот „Поткуп“ се одржа денес во Основниот суд Скопје 1 во кој првообвинет е премиерот Зоран Заев.

Филип Медарски, адвокатот на Заев побара издвојување на доказите прибавени со Посебните истражни мерки за случајот „Поткуп“. Одбраната бара од доказите да биде изземено видеото на кое се гледа како Заев од позиција на градоначаник на општина Струмица бара поткуп од бизнисмен во висина од 163.000 евра.

Според обвинителството, Заев како градоначалник на Струмица, барал поткуп од 163 илјади евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.