СДС на дело ја покажува својата неспособност и некомпетентност, граѓаните можат да видат дека СДС нема ниту план, ниту визија, ниту капацитет да ја води Република Македонија, да создава и да гради, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.
Неполн месец како СДС е на власт, а од најавените реформи нема ни "Р". Од СДС гледаме само укинување,застој и блокирање.
СДС не смее да ја проблематизира изградбата на автопатот Кичево-Охрид и под итно да продолжи со градбата на овој значаен инфраструктурен проект за нашата држава.
Автопатите кои се испланирани и почнати од Владата на ВМРО-ДПМНЕ се најголемите инфраструктурни проекти превземени од било која Влада во независна Македонија и се наш влог за идните генерации и развојот на земјата.
Изградбата на автопатите не е доведена во прашање, туку на површина излегува само неспособноста на СДС за менаџирање на рутинските проблеми кои се јавуваат при секој поголем инфраструктурен проект.
СДС наместо да политизира, да бара разни изговори и да троши време во пишување соопштенија, треба да сфати дека се власт и дека треба да се соочат со одговорноста. Доколку не се способни и не можат да се сносат со истата можат веднаш да си поднесат оставка.
СДС во изборниот период вети многу и граѓаните секако очекуваат тоа и да го реализираат. Граѓаните од СДС очекуваат нови 500 километри автопат, нови 550 километри регионални и магистрални патишта, како и 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата.