Нов земјотрес со јачина од 3.2 степени по Рихтеровата скала вечерва ги вознемири жителите на Охридско-ресенскиот регион.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при УКИМ земјотресот кој се случил во 20 часот и 52 минути бил регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево.
– Според досегашните податоци, со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија.