Пaрламентарното Собрание на Советот на Европа ја оосуди серијата методи кои се користат за да се изврши политичко влијание врз новинарите – започнувајќи од физички закани и притвор до заплашување и вознемирување на уредниците и новинари, повеќе „подмолен” психолошки притисок насочен кон поттикнување самоцензура или ставање на критички настроените медиуми надвор од бизнисот, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во резолуцијата заснована на извештајот на Стефан Шеннах (Австрија, Социјалист), за политичкото влијание врз независните медиуми и новинарите, Собранието вели дека новото дигитално опкружување предизвикува длабоки промени во медиумската индустрија, што има ефект да ги направи медиумите поподложни на политичко влијание.

Пратениците повикаа на поголема транспарентност на оние кои поседуваат медиумски компании, како и освојување на серија заштитни мерки за зачувување на независноста на медиумите од јавниот сервис и промена на законите кои би можеле да имаат „застрашувачки ефект” врз новинарите – вклучувајќи ги и законите за национална безбедност, тероризам или клевета.

Во извештајот на Шенах, но не и во резолуцијата, на едно место се споменува и ситуацијата во Република Македонија со медиумите, со оглед дека тој добро ја познава состојбата по неговите чести посети на земјата во својство на член на монитооринг делегацијата на ПССЕ.

Пролиферацијата на новите медиуми методите користени за откривање на политички афери, најчесто поврзани со криминални случаи и случаи на корупција, ја стави во прашања подготвеноста на политичките елити да создадат правна рамка за заштитата на информаторите. Австрискиот пратеник тука го дава примерот со Македонија.

– На почетокот на 2015 година, “поранешната југословенска Република Македонија” беше погодена од голем скандал со прислушувањето во кое беше вмешан и премиерот Никола Груевски, како и членови на неговиот кабинет, кои наводно извршиле тешка злоупотреба на власта. Иако беа направени обиди за донесувањето на закони за заштита на информаторите од страна на парламентот, тие не успеаја, вели Шенах.