Богатството на Кочо Анѓушев тежи околу 28 милиони евра. Вицепремиерот за економски прашања, денеска јавно го обелодени својот анкетен лист.
Семејството Анѓушеви поседуваат станови во Скопје и Белград и куќа на Халкидики во Грција која има вредност од 250.000 евра.
Од недвижниот имот во Скопје, поседуваат една куќа и пет станови во центарот на Скопје.
На име на Анѓушев се две луксузни возила - марка „масерати“ и „порше“ во вкупна вредност од 120.000 евра.
Во негова сопственост се уметнички слики и скулптури, дваесет на број во вредност од 105.000 евра, четири рачни часовници од брендовите „ролекс“, „омега“ и „картие“, златен накит и моторен чамец.
Најголема вредност има уделот во групата Фероинвест, каде тој е содружник со 80 посто од акциите, или 21 милиони евра.
Неговата сопруга пак ја има фирмата Офисрент, со вредност од 630.000 денари.