Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“ го именува Радош Вукиќевиќ за нов генерален директор на компанијата.
Вукиќевиќ, од почетокот на 2010 до средината на 2013 година беше менаџер за маркетинг и односи со јавност во ВВ „Тиквеш“.
Во својата досегашна кариера, Вукиќевиќ работел и како претставник на компанијата „Кока-Кола“ за Македонија, како и регионален менаџер за продажба и директор на сектор за управување со ланецот за набавки и логистика во компанијата „Алкалоид“. Во изминатите четири години ја извршуваше функцијата економски промотор на Република Македонија со седиште во Софија, одговорен за пазарите на Бугарија и Србија.