Владата на седница одлучи да биде одложено спроведувањето на Кембриџ програмата, односно на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование.

Министерството за образование и наука, како што соопшти владината прес-служба, е задолжено да го одложи почнувањето на имплементација на новите наставни планови и програми по наставните предмети математика, физика, хемија и биологија за прва година на гимназиско образование, за прва година на средно стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование во сите средни училишта.