Средната оценка од екстерните испити на државната матура за учебната 2016/2017 во јунскиот испитен рок е 3,39, соопшти Државниот испитен центар кој денеска ги презентираше резултатите.

Резултатите од испитите денеска се објавуваат и во училиштата, како и електронски на matura.gov.mk.

Просечната оценка ќе биде конечна по рокот за поднесување приговори кој ќе трае од 6 до 10 јули до 15 часот.

За испитите во јунската испитна сесија беа пријавени вкупно 16.426 матуранти.