На повеќе локации во Македонија полицијата спроведува обемна акција за откривање и сузбивање на криминални групи и илегални мигранти.

Акцијата, како што соопшти МВР, се спроведува во соработка со Одделението за организиран криминал на Јавното обвинителство во рамки на спречувањето на криумчарењето мигранти на територијата на Република Македонија.

МВР најави дека по завршувањето на оперативните активности, детално ќе ја информира јавноста за резултатите oд акцијата.