Сакаме да ја известиме македонската јавност дека денес на Комисијата за труд и социјална политика, членовите и замениците членови од СДСМ и нивната коалиција не присуствуваа, односно ја бојкотираа работата на комисијата на која што требаше да се разгледува Предлог законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија.

Имено, овој закон предвидува зголемување на платите во јавниот сектор за 5% започнувајќи со исплатата на платата за јануари 2018 година.

Со неприсуството, односно бојкотот на Комисијата за труд и социјална политика, СДСМ јасно покажаа дека не сакаат ниту да дебатираат за зголемување на платите во јавниот сектор.

Група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ овој закон го поднесе на почетокот на овој месец и истовремено се надевавме дека СДСМ позитивно ќе се изјасни за овој закон бидејќи сметаме дека е од голема полза за многу граѓани во Република Македонија и за подобрување на животниот стандарт.

Наспроти нашите очекувања, очигледно е дека СДСМ смета дека зголемувањето на платите за 5% во јавниот сектор не е од голема важност за граѓаните и со своето неприсуство го оневозможи одржувањето на Комисијата за труд и социјална политика, а со самото тоа го блокираше овој закон и Комисијата за труд и социјална политика.