Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја усвои Предлог-декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
Комисијата бара Предлог-декларацијата да биде ставена на дневен ред на посебна наредна седница.
Во документот се наведува дека се потврдува натпартиската сплотеност околу заедничките напори за обезбедување позитивна клима за реализирање на стратешката определба за членство во ЕУ и НАТО. Исто така, се поттикнува Владата наа доследно, неодложно и итно спроведување на итните реформи. Комисијата со документот исто така бара заложба за независно судство, транспарентност и ефикасност на судовите, професионализација на администрацијата, зајакнување на регулаторните тела, како и на социјалната кохезија и меѓуетничките односи и унапредување на односите со соседството.
Со Предлог-декларацијата се повикуваат членките и институциите на ЕУ да дадат засилена поддршка за членство во ЕУ и НАТО. Со документот, кој пратениците би требало да го усвојат на следната седница, се повикува Владата редовно да го информира Собранието за сите аспекти на ЕУ и НАТО интегрциите. Докуметот ќе биде испратен до Европскиот парламент (ЕПО, претседавачот со Советот на министри на ЕУ, претседателот на Европски совет, генералниот секртетар на НАТО, како и до претседателот на Европската комисија и до земјите-членки на ЕУ.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери истакна дека со планот кој произлегува од Договорот од Пржино и дека со неа се зајакнува надзорот на Собраните врз Владата, но и врз УБК и БЈБ кои според планот ќе се реформираат.
– Потребно е одговорно однесување и на опозицијата, која деновиве со однесувањето во Собранието не и помага на земјата во напорите за ЕУ и НАТО и создава лоша слика надвор од РМ – реч Џафери.
Премиерот Зоран Заев истакна дека Планот „3-6-9“ претставува реална перспектива на РМ за евроатлантските интеграции, но и за подобување на животот на граѓаните.
– Не бараме од опозицијата да прифати се, само да дава идеи и да биде конструктивна, а владејачката партија да ги прифаќа позитивните предлози на опозицијата. Тоа е во интерес на сите – рече Заев.