Министерот за здравство, Арбен Таравари најави дека наскоро ќе се промовира измена во системот „Мој термин“, односно новороденчињата ќе бидат заведени во матичната книга на родени уште истиот ден по раѓањето и веднаш ќе добијат извод, како и календар на вакцини со препораки за мајката за следните неколку месеци.

– Се работи за една новост, кога ќе се роди детето, да не се оди никаде туку во болница да се дава извод од матичната книга на родени и препораки за мајките за следните неколку месеци… – рече министерот, најавувајќи повеќе детали за следната недела.