Државниот инспекторат за труд донесе решение за забрана за работа на Агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство „Венера“ од Битола.
Забраната е во траење од 30 дена, а најавено е дека ќе биде побарано и поведување на прекршочна постапка.
Вонредните инспекциски надзори беа извршени на 5 и на 14 јули по објавените информации дека група студенти биле измамени од страна на оваа агенција.