Љупчо Бубо Каров, познат како Цацко од К-15, од денеска е надворешен советник на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во Владата на Република Македонија.
Оттаму велат дека неговото искуство со медиумите и во јавните настапи ќе биде од особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста во Владата.
Инаку, Бубо Каров беше еден од критичарите на претходната власт, беше дел од протестите против Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а држеше говори и пред Македонската радио-телевизија.