Армијата на Република Македонија уште еднаш ја покажува подготвеноста да се помогне онаму каде е најпотребно.

АРМ со два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловната бригада се вклучи во помош при гаснењето на пожарот во атарот на селото Требовље, општина Македонски Брод каде со огнената стихија е зафатена шумска површина од околу 200 хектари.