Македонското законодавство предвидува казни по килограм риба во случај труење, загадување, односно прекумерно заматување на риболовните води како и за незаконско посегање по рибите како штета нанесена врз рибите.
Иако ваков прекршок е предвиден со Правилник на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кој произлегува од Законот за рибарство и аквакултура и за него е предвиден посебен ценовник, сепак, сведоци сме на се повеќе вакви почести појави а при тоа, казни за сторителите и речиси да нема.
Според овој ценовник, најмногу се плаќа за загрозените, забранети и заштитени видови а потоа за пастрмката. јагулата и сомот.
Во продолжение, ценовникот за плаќање на оштета во некоја од овие ситуации: