Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска реферираше за работата на Парламентот од 27 април досега, оценувајќи дека условите се драстично попозитивни денес.
Џафери потврди дека на 2 август, Илинден, ќе се обрати во Крушево на Мечкин Камен. Локалните избори ќе ги распише на 6 август, а тие треба да се одржат на 15 октомври. Поради активностите во Парламентот односно седницата за ребалансот на Буџетот и за смената на јавниот обвинител Зврлевски, пратемиците ќе бидат на одмор од 8 до 25 август.
Претседателот на Парламентот на прес-конференцијата зборуваше најнапред на албански јазик, а потоа на македонски јазик. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека за него не е провокација тоа што го искористил правото да зборува прво на албански јазик. Не кажа на кој јазик ќе се обрати на Мечкин Камен на 2 август.