Во однос на нацрт текстот на договорот кој беше објавен под притисок на критичката јавност во Република Македонија од страна на Владата на Република Македонија, дел да се спомене дека тој содржи и добри темели од текстот кој беше подготвуван од страна на работните групи во изминативе години кои направија база за компромиси со сотавени четири отворени полиња за оние позиции за кои постои разлика во интересите од македонска и од бугарска страна. Сметам дека треба да се поздрават овие аспекти кои навистина се позитивни од овој дел од аспект на одредбите од членот 5, 6 или 7 и некој тука гледаат кон иднината.

Се работи за перспективите за економски развој, развојот на туризам, протокот на луѓе и добра и градењето на подобра инфраструктура и поврзаност помеѓу земјите. Сето ова е корисно за нашите земји за граѓаните и подеднакво заслужуваат европска перспектива и од една и од другата страна на границата. Наша цел е да сме што е можно поблиски со нашите соседи и со кој делиме европски идеали и во таа насока ги видовме овие одредби. Добро е и тоа што во нацтр текстот останува онаа формулација од преамбулата за взаемно почитување на интересите на двете страни и на нивните држави.

Бугарските интереси мораме да коонстатираме од овој нацрт договор кој беше презентиран се максимално испочитувани, бугарската Влада заслужува честитики што максимално успешно го остварила посакуваното, тие се наши соседи и пријатели со кои сакаме пред се да делиме иднина во Еврпската Унија и НАТО наспроти минатото. Треба да се поздрави можеби исто така и македонската Влада која покажа многу брзо подготвеност да излезе целосно во пресрет на интересите и очекувањата од страна на Бугарија.

Можеби ќе беше идеално во оваа ситуација доколку попатно не оставеше впечаток дека можеби се заборавиле македонските интереси. Во однос на интересите како што констатиравме има и заеднички и различни. Во делот на заедничките интереси значајно е да истакнеме дека членството на двете земји во НАТО и Европската Унија е важно нас што не спојува. Во однос на различните интереси би вредело да се спомене дека бугарски интерес за вметнување заедничка историја како категорија во овој договор нешто што го немало во Декларацијата од 1999 година и уште повеќе воведување комисја која ќе стане на некој начин попатна станица на секое наше отварање и затварање на поглавја на патот за членство во Европската Унија.

Воедно бугарски интерес е да се опстои на една позиција на давање на гаранции на македонска страна за не мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, нешто за што ние сме се обврзале во минатото и во нашиот Устав и нешто за што нема никаква основа да се чувствува дека претставува закана за земја членка во Европската унија и НАТО, со оглед на тоа што Македонија сака да биде дел од тоа семејство.

Во однос на македонските интереси пак, нашето инсистирање и опстојување на фактот дека треба да стои формулацијата за македонски народ, а да не се случи да има негово изоставување и дека формулацијата за македонски јазик како уставна категорија не е доволно квалитетна и не соодејствува на вредностите кои би можеле да ги застапуваме како европски вредности во 2017 година. Се работи за јазик кој што е кодифициран многу пред независноста на Република Македонија, јазик кој бил официјален јазик и предходно и доколку сме согласни дека и земјите членки на ЕУ треба да ги почитуваат тие вредности, не би било коректно да се сведе македонскиот јазик на уставна категорија доколку повеќе што ако таа формулација се користела во 1999 година во Декларација не држи со оглед на тоа што имаме нови елементи кои не биле содржани во декларацијата од 1999 година, а кои се дел од договорот или нацрт договорот кој што беше презентиран од Владата

За крај најчесто споменуваниот успешен модел на помирување поврзан со европската интеграција кој многу често се користеше за илустрација на тоа дека сепак е важно да имаме договор помеѓу Македонија и Бугарија е француско-германскиот модел за помирување кој што е основата на ЕУ. Тоа што е значајно да се разграничи во овој контекст е дека Франција и Германија не спорат за историјата. Ниту Франција на Германија и ја оспорува посебноста на јазикот или на народот, ниту пак обратно, Германија и ја оспорува на Франција посебноста на народ или јазик. Доколку сме согласни дека ова е моделот на кој се базира европската интеграција тој модел би требало еднакво да се применува и помеѓу денешни земји од кои едната е дел од ЕУ, а за другата Бугарија се обврзала дека ќе ја поддржува да стане членка. Зато би рекле дека македонската влада не треба и нема никаква причина да биде засрамена туку треба да се охрабри да ги сподели и да издејствува вакви компромиси. Треба отворено и аргументирано да ги претстави, да ги одбрани пред нашите партнери во Софија и правејќи го ова да знае дека застапува правични интереси и европски вредности кои никако не се на штета Република Бугарија.

Од самиот почеток на овој процес ВМРО-ДПМНЕ цени дека договорот со Бугарија е форма односно треба да биде во форма која ќе добие најширока јавна поддршка. Не смее да биде предмет на дневна политика пред се поради чувствата на нашите граѓани и сите оние кои се засегнати со овој договор. Владата има одговрност да издејствува фер договор кој ќе затвора проблеми, а не некој кој ќе креира фрустрации на патот кон ЕУ. Со вакви препораки се надеваме дека ова ќе биде сфатено, примено, искомуницирано и издејствувано од страна на македонската влада за да можеме и ние да се чувствуваме исто толку конфорни колку што се чувствуваат нашите партнери и пријатели во Бугарија. Таков е ден фер договор ќе биде основа и за добивање на најширока можна поддршка во рамки на Собранието на Република Македонија и воедно чувство на македонската јавност дека не губиме, а добиваме со еден таков договор.