Ловењето или како ловство или лов е дејност чија основна цел е одгледување, размножување, заштита, ловење и користење на дивечот. Основна цел на активностите од овој домен е формирање и трајно одржување стабилни популации дивеч, со оптимална полова и возрасна структура за континуирана репродукција на здрави и квалитетни единки со високи трофејни вредности. Како стопанска дејност ѝ се придава посебна важност, особено од аспект на заштитата на природата.
Во Македонија постојат 265 ловишта, од кои 250 имаат постојан концесионер. Концесиите за ловишта за крупен дивеч изнесуваат 20 години, а за оние за ситен дивеч – 10 години. Притоа, најголем број ловишта има во околината на Скопје, а повеќето македонски ловишта се за ситен дивеч. Во 2014 година, во државниот буџет влегле 17 милиони денари како приходи од концесии за ловиштата. Истовремено, македонските ловишта ги посетиле околу 40.000 ловци, т.е. бројот се удвоил во споредба со 2005 година, кога нив ги посетиле 20.000 ловци.
Но колку чини ловењето? Од македонски шуми информираат дека постојат правила по кој се врши ловот. Ловењето, односно застрелот на дивечот се врши со ловечка пушка и со ловен карабин. Застрел на крупен дивеч се врши само со ловен карабин освен дивата свиња која може да се лови и со ловечка пушка со употреба на кугла или кугли. Пред почетокот на ловот задолжително се проверува нишанот на оружјето со кое ќе се врши застрелот.
Ако сакате можете да изнајмите дневно коњ за 15 евра, ловечко куче за 10 евра, теренско оружје за 20 евра, па се до трактор или теренско возило. Еден куршум чини 2,5 евра.
Цената за уловен дивеч зависи од животното и неговата големина. Тој се вреднува со поени. Така на пример за обичен елен од над 230 поени се плаќа по 8750 евра. За елен лопатар од 180 поени 750 евра, за срна над 885 евра, муфлон 800 евра. Златен медал за дива коза и див јарец чини 1800 евра. Мечката иако трајно забранета за лов, за неа е потребна посебна дозвола. Нејзината цена достигнува преку 5000 евра.
Ситниот дивеч под зашита чини помалку во однос на покрупниот, па така зајакот е 35 евра, фазанот 13 евра, гуските 20 евра, пајките 15 евра, гулабите по 5 евра. За живиот дивеч се наплаќа кај нерезот по 500 евра, младенчињата од срна по 400 евра. Застрел на крупен дивеч се врши само со одобрение на водичот, а доколку немате таа услуга ќе ве чини 20 евра дневно.
Самоволно извршен застрел се наплатува двапати поскапо од цената. За ранет непронајден дивеч се наплаќа 50% од цената на проценетата вредност.