Законот за употреба на јазиците вечерва најверојатно ќе се најде на владина седница- најави заменик-претседателот на владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој вели дека за ова го информирал и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со кој денеска се сретна за да му го презентира планот 3-6-9. Османи не одговори дали добил ветување од претседателот дека ќе го потпише законот.