Од вчера во 16 часот сѐ до овој момемент градот е прарализиран, во сите улички околу Владата и во поширокиот реон во Дебар Маало, кон Градскиот Парк, до мостот „Гоце Делчев“ распоредени се десетици оклопни борбени возила, стотина припадници на специјалните полициски единици под силно вооружување, а на луѓето кои живеат и работат околу зградата на Владата без никакво известување им е забранет пристап до објектите.
На станарите кои живеат околу Владата и на фирмите им е забрането да отвораат прозорци, да фотографиираат, да излегуваат од зградите.
Утрово пајак-службата ги остстрани и возилата на станарите кои стојат паркирани на неколкуте паркинг-места пред зградите. Секако, ќе треба да се воорушаат со трпение и среќа за да си ги најдат некаде по околните паркинзи откако ќе замине високиот гостин.
Според неофицијални инфомрации на настанот има околу 100 бугарски новинари и новинарски екипи кои ќе го проследат потпишувањето на договорот помеѓу Заев и Борисов.