Согласно позитивните законски одредби во нашето законодавство правни и физички лица кои ќе нанесат штета на дивечот со бесправен лов или на друг начин, се должни штетата да му ја надоместат на концесионерот на дивечот во ловиштето. Висината на надоместокот на штетата се утврдува според ценовник што го донесува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според ценовникот најголемата казна во парична вредност се плаќа за криволов на рисот а такво противзаконско дело ќе ве чини 30.000 евра.
Покрај, рисот, високи казни има и за криволов на машка и женска мечка стара преку две години – 18.000 евра, обичен елен – 12.000 евра, 8.000 евра за елен лопатар а по 7.000 евра ќе треба да одвоите доколку направите криволов за машки муфлон, диво коза и диво јарец. Во продолжение можете да ги видите цените кои ќе треба да ги платите доколку бидете фатени во криволов.