Бројот на видовите животни и птици кој постојано или привремено живеат во Р. Македонија е поголем. Наведените видови животни и птици се сметаат за интесесни од аспект на ловството, но сите 127 вида немаат подеднакво значење. Имено, како најзначајни ловно – стопански видови од наведените, од аспект на ловостопанството и ловно туристички активности се:

Домашниот балкански елен на просторот на Р. Македонија единствено се одржал на планината Кожув. По вештачки пат тој е населен на Пелистер и во резерватот Јасен. Ловната продуктивна површина се проценува на 400 000 хекрати, а погодни услови постојат и на Караџица, Осогово и Малешевските планини. Присуството се проценува на околу 100 грла.

Еленот Аксис може да се насели во околината на Дојранското Езеро, затоа што климатските и другите еколошки услови кој ги поседува овој простор во целост одговараат на успешна егзистенција на овој вид. Еленот е најголем, најплеменит и најубав влакнест дивеч во шумите. Тој може да достигне и до 300 кг. Тој има рогови што ги отфрла секоја година и во истата година му растат нови. На младиот елен првите рогови му растат во седмиот или осмиот месец, а ги отфрла во мај следната година. Еленот може да има на роговите повеќе рокчиња, спрема староста, јачината и според тоа се нарекуваат шилаш, вилаш, шестерец, осмерец, десетерец итн.

Срната е распространета скоро во сите поголеми шумски комплекси , како што се : Бистра, Шар Планина, Стогово, Јабланица, Плаќенска и Илинска Планина, Баба, Бабуна, Кожув, Плачковица и Малешевски Планини. Срната може да искористи околу 700 000 хектари површина и во Македонија има околу 1000 срни. Срните се високи околу 75 см, а долги 140 см . Тежат по 30 кг, во зависност од местото и начинот на исхрана. Бојата на влакната е слична како кај елените. Задницата е покриена со бели влакна во големина на една шака во зимскиот и летниот период . Срните живеат во стада, обично до 6 срни или повеќе. Стадото го предводи срндачот кој што им е заштитник, а доколу стадото е уплашено срндачот оди последен. Срната најмногу сака да пасе на добри ливади со детелина и на шумски чистинки. Во исхраната користи и млади лисја и пупки, како и зелено жито. Волкот и е најголем непријател, а кучињата скитници, лисиците, мачките и куните се големи непријатели на младите срнчиња, а од птиците грабливци совата, ушара па и јастребот.

Дивокозата ја има во повеќе планини во Р. Македонија, како Шар Планина, Кораб Бистра, Стогово, Баба, Караџица, Јакупица и Пелистер. Ловно продуктивниот простор изнесува 150 000 хектари. Се претпоставува дека има 3500 грла. Дивокозата е дивеч на високи терени, преживар е и спаѓа во редот на антилопите. Спрема местото на кое живее и начинот на исхраната, се развива различно. Наполно израсната дивокоза достигнува височина до 80 см, а должина до 110 см. Женските се малку поситни према мажите , нејзината просечна тешина е околу 28 до 35 кг, додека добар јарец може да тежи и до 45 кг . Дивокозата е дневен дивеч. Со малку храна е задоволна, наутро бргу се напасува и се повлекува на одмор, а приквечерина излегува повторно на пасење. Ако нема вода се задоволува со утринска роса. Таа живее во стадо и до 100 кози заедно се до времето на парење. Од август дивечот почнува да се гои и при крајот на септември или почетокот на октомври сосема е утовен, кога ќе настапи нагонот за парење И на дивокозата и се непријатели : волкот, лисицата и куната.

Муфлонот се одгледува во ограничена популација во резерватот Јасен . Тој достигнува височина до 75 см, а должина до 130 см. Тежи до 150 кг. а телото не му е покриено со волна туку со доста крупни влакна, што се во зима темно костенливи. Оценувањето на староста е посигурна по роговите отколку по неговите 32 заби. Муфлонот живее во стадо и на високи планински делови. Се храни со трева, на пасење излегува наутро и навечер. Се пари кон крајот на октомври до декември. За време на парењето стадото е поделено на помали групи кои ги води овен.

Козорогот може да егзистира во повисоките подрачја на Шар Планина, Стогово и Баба. Козорогот нараснува во висина до 90 см, а во должина и до 160 см. , а тежи и до 100 кг. Влакната му се во лето црвеникаво сиви, а во зима темно сиви. Во зима носи брада од влакна долги 3 до 4 см, има постојани шупливи рогови на главата со сабјеста форма, наназад свиткани, можат да нараснат и до еден метар и да бидат тешки до 15 кг. Козорогот е преживар, живее на високи планини и спаѓа во редот на овците. Многу е брз, а извонредно слуша, гледа и чувствува.

Дивата свиња е широко распространета на овој простор. Таа во најголема мера егзистира во дабовиот и буковиот шумски појас. Ловно продуктивната површина на дивата свиња изнесува 600 000 хектари. Најчесто се среќава кај Валандово, Дојран, Скопје, Тетово и Куманово. Се претпоставува дека во Р. Македонија постојат околу 3000 свињи. Таа сака големи шуми со бари, многу скита, преку ноќ далеку оди а на вечер пак се враќа на старото место. Ги држи добро своите траги, кои ги менува по 3 до 4 дена. Дивата свиња достигнува височина и до еден метар, а во должина оди од 1,5 до 2 м . Нејзината тежина може да достигне и до 300 кг, во зависност од исхраната и срароста.

Зајаците што живеат во шума се поголеми и потешки оние в поле, се разликуваат по бојата на влакната, воглавно се сиво рѓасти по грбот, а по стомакот бели. Зајакот е карактеристичен по големите уши, долгите задни нозе и кратка опашка и добро развиен слух. Зајакот спаѓа во глодари, има 28 заби и не се множи толу многу како другите глодари, но сепак размножувањето му е доста брзо .

Дивата мачка е широко распространета во Европа а се среќава и во нашите шуми. Бројната состојба не е одредена. Рисот претставува вид ловен дивеч чиј ареал во Европа е сосема намален. Тој опстојува во просторот на Р. Македонија особено во западниот дел, но е пред исчезнување. Затоа се воведени ригорозни мерки за негова заштита. Тој е најкрволочен ѕвер што нараснува до 75 см, во височина и до 130 кг . Се пари во јануари и февруари а женката коти едно, ретко две или три млади. Живее во висока и густа шума, на гранки и мотри на плен. Напаѓа дури и елени.

Волкот и лисицата се застапени на широк простор на Р. Македонија, така што претставува честа мета на ловците. Годишно се отстрелуваат по 1000 примероци на волк, а бројот на отстрелани лисици е поголем.

Чакалот живее на Балканскиот Полуостров, а се јавува и во Р. Македонија, во околината на Дојран. Неговата туристичка атрактивност треба да се спореди со ризот.

Мечката е една од најатрактивните видови на крупен ловен дивеч. Таа најчесто се јавува во Западниот дел на Р. Македонија, во Тетовско, Охридско, Струшко и Битолско подрачје . Ловно продуктивното подрачје на мечката изнесува околу 250 000 хектари. Оптимални услови за егзистенција на овој простор постои во планинските простори на Шар Планина, Кораб, Бистра, Караорман, Баба. Се претпоставува дека во Р. Македонија има околу 100 мечки , а тоа е резултат на нејзината недоволна заштита .

Јазовецот, куната златка, белка, малата лисица и творот се застапени на целата територија на Р. Македонија, така што нивниот ареал не е легализиран како ни нивната бројна состојба.

Видрата егзистира во близина на водените површини, така што на овој простор може да се сретне на Преспанското, Охридското Езеро и на Црн Дрим. Бројната состојба не е одредена.

За ловно – туристичките активности на просторот на Р. Македонија значително место имаат и птиците.

Големиот тетреб живее на Шар Планина и Кораб, додека лештерката се наоѓа на поширокиот географски простор на Р. Македонија. Фазанот, полската еребица, еребицата каменарка и подполошката се мошне ценети ловни примероци. Нивниот ареал не е строго дефиниран на просторот на Р. Македонија.

Гулаб гривнеш, гулабот дупкар, дивиот гулаб, грлицата и гугутката се мошне интересни за отстрелување и набљудување поради нивната убавина и питомост.

Шумската шљука, ридската шљука и ливадската шљука на просторот на Р. Македонија се среќаваат само за време на нивната преселба. Набљудувањето на овие птици и нивните дружења предизвикуваат фотосафари форма на туристичка активност.

Дивата гуска, дивата пајка и норката претставуваат ловни примероци. Дивата гуска може да се забележи само на Дојранското Езеро, додека дивата пајка и норката се среќаваат и на другите езерски простори.

Лебедот поради својата убавина и питомост е многу туристички атрактивен и е заштитен со закон . Посебна атракција претставуваат лебедите на Охридското Езеро.

Сивиот сокол, ветрушката, црната луња, суриот орел, орелот крстач, мочуришната еја и сите мршојадци се забранети за лов. Оваа заштита е направена поради релативно ниска популациона продуктивност.

Белоглавиот мршојадец се среќава во клисурите на реките Треска, Радика и Црна река. Малиот бел мршојадец се среќава покрај поголемите реки.

Од редот на грабливите птици интересни се следниве: јастеб, кокошкар, јастреб врапчар, обичен глувчар, гаќест глувчар, орел клокташ, џуџест орел и орел рибар.

На просторот на Р. Македонија се среќаваат и птиците од редот на утки и бувови како што се: големата ушеста утка и градинарски ќук.

Сите утки се приспособени за ноќен живот, така што е отежнато нивното набњудување и ловење, па затоа не спаѓаат во групата со изразени туристички атрактивни карактеристики.

Во редот на појни птици систематизирани се околу 6 000 птици. Најголем број од нив ги привлекуваат туристите со убави звуци и тонови, кој ги анимираат сетилата за слух.

За ловно - туристички активности во извесна мерка од значење се следниве видови појни птици: гавран, пепеласта врана, чавка, страчка и сојка. Меѓу овие птици од ловно – рекреативна смисла најголем интерес побудува сојката, додека останатите птици иако се бројни мошне ретко се мета на ловците.