– За непочитување на одредбите од Законот за шумите, на физичките лица кои ќе бидат затекнати во шума без соодветна дозвола од ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. За непочитување, пак, на Законот за ловство се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството, информира МЗШВ.

Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонски шуми“ со 30 подружници, додека со шумите за посебна намена управуваат ЈУ Национални паркови „Маврово“, „Пелистер“ и „Галичица“, ЈПУЗПП „Јасен“-Скопје, како и ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје.