Владата на Република Македонија вечер со почеток во 19 часот ќе ја одржи 20. седница на чиј дневен се повеќе прашања од интерес на граѓаните.

Владата ќе разгледа повеќе информации и ќе донесе одлуки за работењето на Јавното претпријатие Македонски Железници –Инфраструктура, како и за Македонски железници Транспорт АД – Скопје.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба, ќе биде разгледан Извештајот за завршени преговори за потпишување на Протокол меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за заедничкиот граничен премин меѓу Република Македонија и Република Косово наменет за меѓународен патен сообраќај „Белановце-Станчиќ“.

На дневен ред на седницата се и некои дополнителни точки од надлежност на Владата на Република Македонија.