Индонезиските власти соопштија денеска дека ќе разменуваат кафе, палмино масло и други суровини за 11 руски борбени авиони Сухој, пренесува БТА.

Меморандумот за разбирање за стокова размена е потпишан на четврти август во Москва помеѓу руската компанија „Ростек“ и индонезиската ПТ. Перусахан Пердаганган, кои се во државна сопственост.

– Размената ќе ја надгледуваат двете влади, а се очекува да биде реализирана набрзо, се посочува во соопштението на индонезиското Министерство за трговија.

Министерството за одбрана на Индонезија претходно соопшти дека е финализиран договорот за купување на 11 авиони Сухој-35 од Русија, но тогаш не беа објавени условите на договорот.