Министерството за правда соопшти дека со Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор го објавуваат официјалниот текст на Предлог-законот за употреба на јазиците, кој е во собраниска процедура за усвојување.

Сите заинтересирани граѓани, стои во соопштението, текстот од Предлог-законот за употреба на јазиците можат да го најдат на веб страните на Министерството за правда и Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор.

Од Министерството посочуваат дека по усвојувањето од страна на Собранието на Република Македонија, законот ќе биде доставен на мислење до Венецијанската комисија заедно со спорните одредби кои се однесуваат со употребата на албанскиот јазик во монети и хартии од вредност, како и во униформата на Армијата.